Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луѓето не се слепи! Дволичноста едноставно боди очи па секој веќе ја гледа! - еве што вели Савески за војната во Газа

Луѓето не се слепи! Дволичноста едноставно боди очи па секој веќе ја гледа! - еве што вели Савески за војната во Газа

Случувањата во појасот Газа не оставаат никого рамнодушен. Иако луѓето веднаш ги осудија и се уште ги осудуваат нападите врз цивилите во Израел, сепак се повеќе се зборува за бруталноста и силината на контранападите кои ги презема Израел. 

На оваа тема, во неколку наврати со свои ставови се јави Здравко Савески, кој потенцира дека она што се случува и што го прави сега Израел врз Газа, но и однесуваањето на светските сили, е доказ за двојните аршини во човештвото. 

- Во Украина западниот капиталистички естаблишмент бурно реагира дури и на најситното прекршување на правилата на војувањето, веднаш прогласувајќи го за воено злосторство.

Наспроти тоа, во Палестина тој ист естаблишмент до крај го брани дури и најѕверското војување, кое веќе достига ранг на вршење геноцид!

Луѓето не се слепи! Знаат да пресметаат 2+2. Џабе е вклучувањето на целата пропагандна машинерија! Зашто дволичноста едноставно боди очи па секој веќе ја гледа! Со најновата израелска агресија падна и последниот смоквин лист што го затскриваше неморалот на политиката на западниот капиталистички естаблишмент! Тој повеќе нема ниту најмало право да зборува за демократија, слобода и човекови права! - напиша Савески на Фејсбук. 


Слично

Поврзани вести