Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУЃЕТО НЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ЗАБРАНАТА ЗА УПОТРЕБА НА ПИРОТЕХНИКА: Њу Делхи е најзагаден град во светот

ЛУЃЕТО НЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ЗАБРАНАТА ЗА УПОТРЕБА НА ПИРОТЕХНИКА: Њу Делхи е најзагаден град во светот

Индискиот главен град Њу Делхи е најзагадениот град во светот.

Жителите не ја почитуваа забраната за користење пиротехника како петарди и светлечки ракети за време на хинду-фестивалот на светлата Дивали. Со тоа го влошија квалитетот на воздухот.

Според швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот Ај кју ер, индексот на квалитетот на воздухот во Њу Делхи бил 348, и тоа важи за опасно ниво на загаденост.

Локалните власти забранија употреба на пиротехнички средства за време на прославите на Дивали и зимските прослави во последниве години, во согласност со директивите на Врховниот суд. 

Некои хинду-групи тврдат дека забраната го нарушува правото на почитување на ритуалот. 

И денеска, на листата на air visual, Њу Делхи е прв, односно е најзагаден град во светот, а зад него е Лахоре во Пакистан. 


foto EPA

Слично

Поврзани вести