Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУЃЕТО МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ САМО ВО ИТНИ СЛУЧАИ: Пола Италија е во строг карантин

ЛУЃЕТО МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ САМО ВО ИТНИ СЛУЧАИ: Пола Италија е во строг карантин

Пола Италија од денеска оди во строг карантин. Новите ограничувања стапија на сила во девет региони - вклучувајќи го и Лацио, каде што се наоѓа Рим и Ломбардија со Милано.

Во црвена зона се Венето и Емилија Ромања. Училиштата и рестораните се затворени, а луѓето во овие области можат да излезат од дома само за да купат храна, во итни случаи или кога одат на работа. Ова не важи на островот Сардинија. Таму нема скоро никакви ограничувања. Сите други региони се или во портокалова или во црвена зона, во кои се опфатени околу 40 милиони граѓани. Италија неодамна стана втора земја во Европа, по Британија, која пријави повеќе од 100.000 починати.  За Велигден земјата ќе биде затворена. Премиерот Марио Драги одлучи црвената зона da важи за целата земја од 3 до 5 април.

foto freepik

Слично

Поврзани вести