ЛУЃЕТО ЈАДАТ СКАКУЛЦИ, КАКТУСИ: Гладот зема замав во Мадагаскар
Мадагаскар e на работ на глад, a жителите се принудени да јадат скакулци и кактуси. Oва го соопшти Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP).
Гладот го опустошува јужниот дел на Мадагаскар, каде што децата немаат што да јадат, по сушата и песочните бури што ги уништија посевите. Еден од директорите на ВФП за глобални операции, Амер Дауди, рече дека посетил села каде луѓето морале да јадат скакулци и лисја. Неисхранетоста се зголеми на 16 проценти од девет проценти во март 2020 година, по петтата последователна година на суша. WFP бара 75 милиони долари за итно покривање на најосновните потреби на населението во изминатите неколку месеци.
Претходните години, во 18 земји во Африка гладуваа 52 милиони луѓе.
Во Африка сега повеќе од 100 милиони лица се соочуваат со недостиг од храна. Според извештајот на Меѓународната федерација на здуженијата на Црвената полумесечина и Црвениот крст (IFRC), меѓу елементите коишто ја зголемуваат кризата со храна се судирите, безбедносните проблеми, инвазијата на роеви скакулци, климатските промени, поплавите и економските тешкотии на континентот.
