Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУЃЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО ВОЗ ВО МЕТРО ПОЛНО СО ВОДА, СИЛЕН ПОРОЈ НОСИ ЖЕНА КОЈА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Вакви снимки доаѓаат од поплавената Кина

ЛУЃЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО ВОЗ ВО МЕТРО ПОЛНО СО ВОДА, СИЛЕН ПОРОЈ НОСИ ЖЕНА КОЈА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Вакви снимки доаѓаат од поплавената Кина

Катастрофалните поплави направија хаос во областа Жeнгжу во централна Кина, од каде што продолжуваат да пристигнуваат драматични снимки.

Повеќе од 200.000 луѓе се евакуирани, а најмалку 12 лица загинаа, јавуваат тамошните медиуми. На видеата што кружат на социјалните мрежи, може да се види жена која ја носи силен порој, а додека едвај се бори да ја одржи главата над вода, група луѓе и додаваат јаже, кое некако успеа да го фати, по што е спасена.


На други снимки се гледаат и патници заробени во поплавеното метро, а нивото на водата е до нивните раменици. Многу од нив стојат на седиштата за да бидат над нивото на водата.



Слично

Поврзани вести