Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луѓе се заробени на остров поради ураганот Доријан

Луѓе се заробени на остров поради ураганот Доријан

Ураганот Доријан зароби луѓе на остров. 

Околу 800 луѓе се отсечени на островот Окракоук, откако ураганот го погоди брегот на Северна Каролина. Ова го потврди гувернерот на оваа американска сојузна држава, Рој Купер.

Ураганот го зафати местото Кејп Хатерас со ветрови со брзина од 150 километри на час. Спасувачките екипи ќе бидат испратени веднаш штом бурата ќе се смири.

Островот бил потопен од надојдената вода, а илјадници домаќинства останале без електрична енергија. Ураганот засега однесе три жртви на Флорида и еден во Северна Каролина, а на Бахами загинаа најмалку 30 лица.

Ураганот се движи кон Канада. 

Слично

Поврзани вести