Луѓето се побогати од било кога , но богатството е распределено нееднакво!
Бруто приватни ликвидни средства се во вредност од рекордни 136 трилиони евра
Финансиските средства на домаќинствата достигнаа рекордни 135,7 трилиони евра - доволно за да се реши светскиот долг, и пак две третини би останале, пишува британскиот весник Guardian, повикувајќи се на Global wealth report за 2015 година на Allianz.
Долговите на домаќинствата исто така се зголемeни - со 4,3% до 35,2 трилиони евра низ минатата година. И покрај тоа зголемување сепак нето финансиските средства (бруто минус долговите) за прв пат надминуваат 100 трилиони евра, покажуваат податоците на компанијата.
Бруто финансиските средства се пресметуваат како збир од банкарските депозити, хартии од вредност, осигурување и пензиски фондови.
За прв пат од кризата во Западна Европа е забележан повисок раст на финансиските средства на домаќинствата од Северна Америка - односно 6,8% и 4,8%. Тоа е поради значителниот раст на осигурителни и пензиските средства во доста од европските земји, наведува весникот.
Покрај зголемувањето сепак, финансиските средства на домаќинствата од Западна Европа се само околу 50 отсто од средствата пред кризата.
Исклучително силен раст на финансиските средства е забележан во Кина, кога земјата ја надминува и Јапонија за прв пат.
Финансиските средства продолжуваат да се концентрираат претежно во најбогатите региони во светот, покрај зајакнувањето на пазарите во развој. Во Северна Америка се концентрирани 45% од финансиските средства на домаќинствата во светот, додека во Западна Европа тие се под 25%.
Швајцарија сепак е државата со најголем удел на финансиските средства на домаќинствата по глава на жител, следена од САД, Велика Британија, Белгија и Шведска.
Во Азија и САД растот доаѓа се повеќе од заштеди, иако берзата продолжува да ги зголемува средствата. Во Западна Европа, сепак домаќинствата ги продаваат акциите трета година по ред, што е сигнал дека кризата се уште не е завршена, наведува Allianz.
Во Германија, најголемата европска економија, приватните ликвидни средства се зголемија со побавно темпо од 4,2 отсто. Осигурителната компанија истакнува дека германските домаќинства продолжуваат да избегнуваат ризици ракувајќи со заштеди.
Покрај екстремно ниските камати Германците продолжуваат да издвојуваат пари, покажуваат најновите податоци на централната банка Bundesbank.
Слично
