Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луганск: Загинаа осум цивили, меѓу нив и едно дете

Луганск: Загинаа осум цивили, меѓу нив и едно дете

Најмалку осум цивили, вклучувајќи и едно дете, загинаа во артилерискиот напад на украинската армија на Луганск во последните 24 часа, соопштува администрацијата на овој град на истокот на Украина.

Градоначалникот Сергеј Кравченко прогласи тридневна жалост од 15 јули поради настраданите граѓани.

„Само во последните три дена загинаа 17 цивили, а 73 лица се ранети од огнено оружје“, соопштил градоначалникот, пренесува Итар-тас.

Градскиот антикризен центар соопшти дека на артилерискиот оган биле изложени стамбени подрачја, тролејбуски терминал, регионално засолниште за аптеки, една забна клиника и пруга. Вкупно оштетени се 24 стамнеби објекти.

Во некои делови на градот прекинато е снабдувањето со електрична енергија, повеќе од 4.000 семејства немаат вода, а преку 1.300 останале без гас.

Слично

Поврзани вести