Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУГАНСК: Постигнат договор за прекин на огнот

ЛУГАНСК: Постигнат договор за прекин на огнот

Украинската влада и проруските сепаратисти во регионот на Луганск постигнале договор за прекин на огнот кој на сила ќе стапи во петокот на 5 декември, соопштиле од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) и претставници на бунтовниците.

Лидерот на самопрогласената република Луганск Игор Плотнитски потврдил дека на состанокот на кој на 29 ноември присуствувале руски и украински генерали Александар Ленцов и Володимир Аскаров, претставниците на самопрогласената република Луганск и ОБСЕ е постигнат договор за прекин на огнот од 5 декември и за повлекување на тешкото наоружување од сабота, 6 декември.

Во вторник би требало да се одржи и состанок на кој ќе се разговара за прекин на огнот во „чуствителните подрачја“.

Слично

Поврзани вести