„Луфтханза“штрајкува- откажани околу 500 летови
Околу 500 утрешни летови откажа германскиот авиопревозник „Луфтханза“, поради најавениот еднодневен штрајк на вработените во компанијата.
Синдикатот на персоналот на „Луфтханза“, го организра утрешниот шрајк како мерка на притисок врз раководството на компанијата во пресрет на новиот круг преговори за зголемување на платите на вработените.
Се очкува кон крајот на штрајкот ќе се приклучат вработените на „Луфтханза“ на повеќето германски аеродроми, меѓу кои и оние во Франкфурт, Берлин, Хамбург и Минхен.
Штрајкот се организра пред преговорите меѓу раководството на „Луфтханза“ и Фер.ди, закажани за в петок, на кои ќе стане збор за барањето на синдикатот за зголемување на платите на околу 33.000 вработените во компанијата за 5,2 проценти од 2014 година.
Од друга страна, раководството на „Луфтханза“ е против ваквата идеја и предлага замрзнување на платите до јануари 2015 година и продолжување на работната недела за уште еден час, како мерки за намалување на трошоците.
