Луфтханза се спаси од нов штрајк на пилотите
Штрајкот на пилотите во германската авиокомпанија Луфтханза, кој беше закажан за денеска, е откажан откако синдикатот на пилоти прифати да ги продолжи преговорите со компанијата.
Пилотите на Луфтханза во последен момент го откажаа штрајкот кој требаше да ги погоди сите подолги летови од Фрнакфурт, еден од најпрометните аеродроми во Европа.
Пилотите претходно планираа да прекинат со работа четврти пат во последните три недели за да го изразат своето незадоволство заради новата шема за пензионирање, што ја предложи авиокомпанијата. Информациите се дека штрајкот е откажан, бидејќи има извесен напредок во преговорите.
Овој штрајк се закануваше сериозно да ги наруши авиосообраќајот во Европа, кој е погоден од штрајк и на француските пилоти од Ер Франс. Тие од вчера ја стопираа работата на цела една недела, при што се откажани половина од летовите на оваа авиокомпанија.
Слично
