Луфтханза откажа 90 летови поради штрајкот
Германската национална авиокомпанија Лутханза откажа 90 летови поради штрајкот на аеородромското обезбедување.
Синдикатот Верди оргнизираше штрајк и ги повика вработените во обезбедувањето на аеродромите во Франкфурт, Берлин и Дизелдорф од раните утрински часови до пладне да се придружат на штрајкот.
Синдикатот бара продолжување на договорите за работа и пократки смени за службениците на аеродромите, се наведува во соопштението.
Штрајкот ја влоши и онака неповолната ситуација имајќи предвид дека вчера биле откажани повеќе од четвртина летови од франкфуртскиот аеродром поради снежните врнежи, додека Луфтханза укина најмалку 258 летови.
Слично
