Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Lufthansa” ги откажува утрешните летови, вработените на штрајк

„Lufthansa” ги откажува утрешните летови, вработените на штрајк
Според синоќешната најава од германската авиокомпанија „Lufthansa", во понеделник ќе бидат откажани речиси сите летови на краткие и средни релации поради штрајк на вработените.
Како што се наведува во соопштението, поради најавениот предупредувачки штрајк на 22-ри април, речиси сите летови на „Lufthansa“ во Германија и Европа ќе бидат откажани, односно од 1.650 летови на кратките релации се предвидува дека ќе ги има само дваесетина. И дел од интерконтиненталните летови ќе бидат погодени од штрајкот, најавија од компанијата. „Од меѓународниот аеродром во Франкфурт ќе бидат извршени само 6 од 50 интерконтинентални летови, од Минхен три од 17, додека од Диселдорф ќе бидат извршени три интерконтинентални лета колку што и се предвидени“, стои во соопштението. Од Синдикатот на вработените во секторот на услугите повикаа на предупредувачки штрајк на десет аеродроми, со барање за зголемување на платите од 5,2 отсто во следните 12 месеци за околу 33 илјади вработени на „Lufthansa" во Германија. Штрајкувачите исто така бараат и гаранции за работните места.
Слично

Поврзани вести