Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУД ПЛАН: Принцот ќе го отсече Катар од Арапскиот полуостров

ЛУД ПЛАН: Принцот ќе го отсече Катар од Арапскиот полуостров

Саудискиот инвестиционен фонд планира да ископа канал на границата со Катар. Проектот чека официјално одобрување и дозвола за почеток на изградба, пишуваат арапските медиуми.

Должината на границата помеѓу двете држави изнесува 60 км.

Каналот ќе овозможи источниот брег на Саудиска Арабија да стане непрекинат,  што ќе ја поедностави трговијата и туризмот и ќе го „оживее регионот“. Освен тоа, планот е во регионот да се изгради инфраструктура за нафта и други гранки на индустријата, да се изградат плажи, организираат зона за летување и да направат нови пристаништа.

Наведено е дека изградбата нема да наруши никакви природни и социјални специфичности на територијата. На границата нема планински населби ниту пак земјоделски добра.

Ширината на каналот ќе изнесува 200 метри, длабочина 15-20 метри. Тој може да ги прима сите товарни и патички бродови. Првичната цена на проектот се оценува на околу 2,8 милијарди долари. Весникот нагласува дека каналот правно ќе и припаѓа на Саудиска Арабија.

Слично

Поврзани вести