Лозјата во Франција премрзнаа - Напори да се избегне национална трагедија
Невобичаените ниски температури силно ги погодија лозовите насади во Франција, па голем број на земјоделци прават неверојатни напори за вештачки да креираат топлина со цел како што велат да се избегне национална трагедија.
Французите се едни од најамбициозните кога е во прашање производството на високо квалитетно и скапо вино, па се прогнозира дека загубите може да бидат огромни. Погодени се сите познати вински региони како Шампањ, Бургунди и Бордо, а штетите се проценуваат на околу 1 милијарда евра.

„Ваков мраз немаме видено од 1991-ва, винарите се премногу загрижени“, истакна Пол Франсоа Вранкен извршниот директор на Вранкен-помери Монополот.
Слична беше состојбата и лани кога студот во април и мај предизвика големи штети на лозовите насади и производството на вино беше намалено за 10%. Извозот на вино од Франција лани изнесувал 8.25 милијарди долари, па винарите се надеваат дека оваа година ќе стигнат барем до таа вредност.
