Лошите кредити на европските банки достигнаа 1,2 трилиони евра
Лошите кредити на европските банки достигнаа 1,2 трилиони евра. Околу 1,2 трилиони евра се нефункционални кредити во билансот на европските банки , што всушност е една од главните причини за тешкото кредитирање во регионот и огромните разлики во реалните каматни стапки помеѓу одделните земји -членки на еврозоната .
И покрај оптимизмот на инвеститорите и сигналите за економско закрепнување на монетарната унија , податоците на Европската централна банка за кредитите со долгови над 90 дена покажаа загрижувачка слика. Наместо нивниот обем да се намалува , тој е зголемен за околу 100 милијарди евра во споредба со минатата година , објави Дарик .
На крајот на 2012 година банките во еврозоната имаат 1.190 милијарди евра лоши кредити , во однос на 1.090 милијарди евра на крајот на 2011 година. Зголемувањето на лошите кредити се должи во голема мера на земјите во Јужна Европа , како Италија , Шпанија и Грција .
Слично
