ЛОШИ ВЕСТИ ЗА БОРИС ЏОНСОН: Се побурно во Велика Британија, Владата се распаѓа од час во час
Бурата во Велика Британија не стивнува - оставки со денови се слеваат во владата на премиерот Борис Џонсон, а најнова во низата е оставката на министерот за Велс, Сајмон Харт.
Харт на Твитер објави дека поднесува оставка, а медиумите објавија дека тоа го направил откако Џонсон го отпушти секретарот за домување Мајкл Гоув, за кој се наведува дека му рекол на премиерот дека треба да поднесе оставка.
За само 24 часа, повеќе од 40 министри и помошници ја напуштија владата на Борис Џонсон.
Да потсетиме, во последните неколку дена оставки поднесоа повеќе министри, државни секретари и други функционери на британската влада, а меѓу првите во вторникот тоа го направија министрите за здравство и финансии Саџид Џавид и Риши Сунак.
Министрите поднесоа оставки, веднаш откако британскиот премиер се извини за назначувањето на пратеникот Крис Пинчер за заменик-претседател на пратеничката група на ториевците, обвинет за сексуално недолично однесување.
Квинс, кој беше задолжен за грижа за децата и семејството, објави дека со „голема тага и жалење чувствува дека нема друг избор освен да поднесе оставка“.
Тој исто така тврдеше дека Даунинг стрит му дал неточни извештаи кога бил испратен на повеќе интервјуа во понеделникот наутро.
foto> EPA
