ЛОШИ РЕЗУЛТАТИ: Германците се повеќе ја мразат Меркел
Се повеќе паѓа популарноста на германската канцеларка Ангела Меркел кај Германците.
Тоа го покажала анкетата спроведена после повеќе напади во Германија.
Анкетата на течевизија Ард покажала дека 47 од испитаните изразиле задоволство од работата на Меркел, што е дури 12 процентни поени помалку од однос на поддршката која канцеларката ја имала во јули.
Тоа е втор најлош резултат на Меркел откако во 2013 повторно е изберена на функцијата германска канцеларка, а најлош резултат е забележан во февруари оваа година, кога само 46 отсто се изјасниле дека се задоволни со Меркел.
Во најновата анкета, само 34 отсто од испитаниците рекле дека се задоволни или многу задоволни со владеачката политика на „отворени врати“кон бегалците.
Тоа е најнизок процент откако прашањето на поддршка за бегалската политика во октомври е зацврстено во месечната анкета на телевизијата АРД.
За споредба, дури 65 отсто од анкетираните рекле дека не се задоволни од таа политика.
Од друга страна, популарноста на конзервативниот премиер на Баварија и остар критичар на бегалската политика на владата во Берлин, Хорст Заехофер, пораснала за дури 11 процентни поени на 44 отсто.
