Лоши прогнози во САД, стагнира отворањето нови работни места
Новосоздадените работни места во САД достигнаа бројка од 148 илјади во изминатиот месец септември според изнесените, со мало задоцнување, податоци на Министерството за труд.
Проблемите поврзани со делумното нефункционирањето на американската администрација беа основа за забавувањето на објавата на податоците предвидена за 4 октомври . Резултатот се покажа далеку под просекот и очекувањата на аналитичарите за 180 000 нови работни места во изминатиот месец.
Во исто време стапката на невработеност се намалила малку до 7,2 % , во услови на очекуваните 7,3% . За споредба, во август беа создадени 169 000 нови работни места. Податоците ги зголемија очекувањата дека американската економија се развива со задоволителни темпо и ја поддржаа одлуката на ФЕД да задржи насоките без промени. Тоа иницираше поевтинување на доларот во однос на другите големи валути .
Еврото го надмина клучното ниво и се тргуваше по ниво од 1.3740 . Економските експерти сметаат дека поради привременото затворање на американската администрација следните податоци можат да бидат и полоши , но негативното влијание на ова брзо ќе биде надминато .
Следните податоци ќе бидат објавени на 8 ноември , наместо на први-како што е планирано .
„Условите на пазарот на трудот денес се уште се далеку од она што ние би сакале да видиме " , коментираше претседателот на ФЕД - Бен Бернанке.
Слично
