Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОША ВЕСТ ОД МОДЕРНА: Нема да може да го забрза производството на вакцини во следните месеци

ЛОША ВЕСТ ОД МОДЕРНА: Нема да може да го забрза производството на вакцини во следните месеци

Производството на вакцината против ковид 19 на компанијата Модерна веројатно нема да биде значително забрзано во следните неколку месеци, рече извршниот директор на американската фармацевтска компанија, додавајќи дека производството се очекува нагло да се зголеми во 2022 година.

Владата на САД ја повика Модерна да го забрза производството и испораката на вакцините откако привремено ги суспендираше вакцините Џонсон и Џонсон, бидејќи шест жени по вакцинацијата развија ретки тромбози.

„Потребно е време да се додаде голем нов производствен капацитет“, рече извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел, за време на разговорите со инвеститорите.

Тој додаде дека сè уште се очекува неодамна најавената инвестиција во проширување на капацитетите „многу конкретно“ да придонесе за зголемување на производството во 2022 година.

Бансел рече дека Модерна е сеуште на пат да ги произведе и дистрибуира планираните меѓу 700 милиони и милијарда дози од својата вакцина во текот на 2021 година.

Модерна на почетокот на овој месец објави дека е на пат да ги исполни целите за испорака на вакцини во европските земји, кои исто така привремено ја запреа вакцинацијата со вакцината Џонсон и Џонсон.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести