Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лондонскиот градоначалник ќе организира ифтари низ градот

Лондонскиот градоначалник ќе организира ифтари низ градот

Новиот градоначалник на Лондон, Садик Кан најави дека ќе организира ифтари низ градот во синагоги, цркви и џамии. 

Тој е првиот муслиман  градоначалник на Лондон,  и во колумна за британскиот весник „Гардијан“ пишува за претстојниот месец Рамазан. „Не се сметам за муслимански политичар, не сум портпарол на муслиманите, ниту нивен лидер и тоа е важно да се нагласи бидејќи во тој случај сте дефинирани со верата. Сите имаме различни идентитети: јас сум жител на Лондон, син и татко“- напиша Кан. Кан вели дека е свесен дека исламот и муслиманите во денешно време се поврзуваат со негативни работи. „Мој приоритет во месецот Рамазан ќе биде да излезам и да изградам мостови, така што ќе организирам ифтари низ градот во синагоги, цркви и џамии. Постот е добра прилика за тоа, бидејќи кога ќе поделите леб со некого и ќе поканите немуслиман на ифтар, да вечера со вас, тоа покажува дека тука нема ништо лошо ниту чудно“- додава Кан. Кан смета дека во град како Лондон, повеќето луѓе знаат за Рамазан и постот.

Слично

Поврзани вести