Лондонски ХСБЦ ги згасна сметките на дипломатските претставништва во Британија
Рок од 60 дена да ги пренесат своите пари и сметки во други банки им даде глобалниот банкарски гигант ХСБЦ од Лондон на десетици странски дипломатски мисии во Британија, кои ги извести дека им ги затвора сметките.
Ваквата мерка на банката предизвика забуна меѓу дипломатските кругови. Ситуацијата ја прави уште потешка, бидејќи другите банки одбиваат да ги прифатат сметките на конзулатите за што за проблемот се вмеша и британската Канцеларија на надворешни работи.
Според Виенската конвенција за дипломатски односи, Велика Британија нема овластување да ги принуди комерцијалните банки да обезбедат услуги за клиентите.
Бернард Силвер, претседател на конзуларните канцеларии во Лондон, вчера изјави дека повеќето мисии имаат големи тешкотии да најдат друга банка која ќе ги прифати нивните сметки.
ХСБЦ преку соопштение објави дека тоа е нејзината одлука и дека тие одлучуваат за својата работа со клиенти, притоа имајќи ги предвид исполнување на пет критериуми: меѓународна конекција, економски развој, профитабилност, ефикасност во однос на трошоците и ликвидност.
Слично
