Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лондонската недела на модата ќе донесе 100 милиони фунти за Британија

Лондонската недела на модата ќе донесе 100 милиони фунти за Британија
Моднатa недела во Лондон која започна денеска ќе и обезбеди на економијата на земјата прилив од околу 100 милиони фунти , изјави претседателката на Британскиот совет за мода, Натали Маснет, пренесе ИТАР -ТАСС . Според Маснет модната индустрија е " најголемиот работодавец меѓу сите креативни индустрии во економијата" на Британија. „Планираме да продолжиме да ја поддржуваме со сите сили оваа област - од извршните директори до обичните кројачи , за да можеме во иднина да се привлечеме уште повеќе професионалци во светот на модата" , рече таа за време на свечената церемонија по отворањето на настанот . Претседателката истакна дека клучна компонента за индустријата се дизајнерите. „Многу е важно оваа недела да го потврдиме реномето на Лондон како место каде се раѓаат ѕвездите во светот на модата. Начинот на кој се облекуваат лондончани , го одредува вкусот на луѓето низ целиот свет " , додаде таа . Оваа година своите колекции во британската престолнина ќе ги претстават околу 70 дизајнери. Повеќето од ревиите ќе се одржат во Сомерсет Хаус - историската палата во класичен стил, со неколку музеи , како и седиштето на Британскиот совет за мода. Веднаш по завршувањето на неделата на модата на 17 септември Сомерсет Хаус ќе стане трговски центар , каде што колекциите на водечките дизајнери ќе бидат понудени за продажба со попусти. Според податоците на Британскиот совет за мода, модната индустрија секоја година и обезбедува на британската економија околу 21 милијарди фунти.
Слично

Поврзани вести