Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОНДОНСКАТА КУЛА ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА: На што предупредуваат пожарникарите овој пат?

ЛОНДОНСКАТА КУЛА ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА: На што предупредуваат пожарникарите овој пат?

Лондонската пожарникарна служба денес соопшти дека причината за затворањето на метрото во близина на изгорената зграда Гренфел тауер е „краткорочен ризик од уривање на дел од оваа зграда на пругата“.

Две линии на лондонското метро се запрени поради грижа за безбедност.

Портпаролот на пожарникарната рекол дека екипи се на терен и дека работат на обезбедување на подрачјето за да се продолжи функционирањето на метрото што е можно порано.

Повеќето улици околу изгорениот облакодер од денес се отворени за сообраќај.

Премиерката Терза Меј најави дека ќе ги прими преживеаните станари во својата канцеларија во Даунинг стрит 10. Таа е под остри критики на јавноста поради раководењето со кризата настаната поради пожарот.

Во пожарот кој во средата изби во кулата со социјални станови загинале најмалку 30 луѓе, а исчезнати се неколку десетици станари.

Слично

Поврзани вести