Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лондончани смислија оригинален начин како да го исмејат Трамп

Лондончани смислија оригинален начин како да го исмејат Трамп

Лондончани ќе ги исмеваат неразбирливите политики на претседателот на САД, Доналд Трамп, при неговата посета во британската престолнина, каде што треба да се сретне со премиерката Тереза Меј.

На денот на посетата над Лондон треба да лета огромен балон со ликот на Доналд Трамп како бебе, така што ќе биде видлив од сите агли и од далеку, па можеби тоа и лично ќе го „погоди“ американскиот претседател.

Активирањето на балонот при посетата на американскиот претседател е одобрено од градоначалникот на Лондон, Садик Кан, кој даде дозвола за летање на балонот.

Трамп треба да се сретне со британската премиерка Тереза Мај на 13 јули во Даунинг стрит.

Активистите собрале речиси 18 000 фунти за шест метри високата фигура исполнета со хелиум, која, според нив, го рефлектира ликот на Трамп како луто бебе со кревкото его и мали раце.

Балонот ќе може да лета два часа утрото на 13 јули. Организаторот на инвентот рекол дека Трамп навистина мрази кога луѓето се шегуваат на негова сметка.

„Па затоа кога ќе дојде во посета на Британија, ќе му покажеме дека цела Британија го гледа одозгора и му се смее“, изјавил Лео Мареј.

На „Твитер“, поранешниот водач на УКИП, Најџел Фараџ, изјави дека планот е најголема навреда на американски претседател досега.


Слично

Поврзани вести