Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОНДОН: Уапсени три лица и евакуирана централната лондонска улица

ЛОНДОН: Уапсени три лица и евакуирана централната лондонска улица

Украден автомобил модел „BMW“ предизвика тревога за безбедноста во централен Лондон. Полицајците ја евакуираа централна улица во британската престолнина и уапсија три лица во текот на „тековниот инцидент“, соопштува британското издание „Independent“.

Автомобилот бил со белгиски регистарски таблички. Сведоците велат дека виделе хеликоптери над улиците Блекфраис и Вестминстерскиот мост. По социјалните медиуми се појавија фотографии на противпожарни возила. Засега двете улици се затворени.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/VaughanBruton/status/668082071252897793?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Портпаролот на полицијата изјавил дека затворањето морало да се случи, откако автомобил бил запрен на пресекот помеѓу двете улици. Тројцата лица кои се наоѓале во возилото, се уапсени, соопштил портпаролот за „Independent“.

Полицајците биле видени и пред продавниците во регионот. Ги предупредувале луѓето да се држат внатре и далеку од прозорците.

Слично

Поврзани вести