Лондон со реформи: Ќе ја запира социјалната помош на мигрантите
ЕУ може да и претстави на Велика Британија средства за контрола на социјалната помош за европски мигранти, пренесе Франс прес, повикувајќи се на европски дипломатски извори.
Британскиот премиер Дејвид Камерон го постави прашањето за дискусија како дел од бараните реформи на Велика Британија на блокот. Премиерот сака да располага со средства, кои ќе дозволат да се контролира подобро имиграцијата на европските граѓани, што на крајот ќе доведе до одземање на овие мигранти од социјална помош во текот на првите четири години од нивниот престој во Велика Британија. Така Велика Британија сака да се увери дека ќе биде заштитена против злоупотреба на социјалната помош, но може да размислиме и други начини за тоа, на пример систем за итно запирање, велат европските извори за весникот, цитирани од агенциите. Сличен механизам би и дозволил на Велика Британија да ги ограничи мигрантите кои доаѓаат од останатите 27 земји членки во случаите во кои британските јавни служби не можат да се справат со имиграцискиот притисок или кога системот за социјална сигурност е жртва на повторувачки злоупотреби, појаснуваат изворите. Сличен механизам пронајден во специјална клаузула може да е дел од серијата мерки кои најверојатно ќе му бидат понудени на Лондон на самитот на ЕУ на 18 и 19 февруари следната година.
