Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лондон реши каков тип на луѓе ќе пушта по излегувањето од ЕУ

Лондон реши каков тип на луѓе ќе пушта по излегувањето од ЕУ

Работниците од ЕУ ќе мора да имаат високи квалификации, за да бидат примени на територијата на ЕУ по „Брегзит“, објави весникот Дејли мејл. Визниот режим за кој се согласиле британските министри, предвидува намалување на мигрантите за над 100 илјади лица. Туристите и учениците од ЕУ ќе продолжат да имаат слободен пристап - така Британија се надева дека ќе постигне подобар трговски договор со Брисел. Вратата сепак ќе се затвори за десетиците илјади лошо образовани и со ниски квалафикации мигранти кои се упатуваат кон Островот секоја година.

Планот е доведен за дискусија во владата од министерката за внатрешни, Амбер Руд. Според анонимен извор имало голем консензус дека тоа е патот по кој треба да се оди. 

Како контра мерка за воведување на визи на Европејците се очекува ЕУ исто така да наметне визи на Британците. Така и ќе бидат ограничени да работат во Европа. Британскиот бизнис, сепак, најверојатно ќе ги оспори плановите на владата. Фирмите велат дека пристапот до Британија на нискоквалификувани работници е клучен за сектори како градежништвото и собирање на овошје. 

Во исто време се наведува дека оние кои веќе пристигнале во Велика Британија, нема да бидат засегнати од промените, па ќе има доволно работна сила. Можно било сепак да се воведе шема за сезонски работници, на кои ќе им се издаде визи само за одреден временски период. 

Пред неколку дена претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека не може да има компромис со слободното движење на луѓето. Според него или ќе има „тврд Брегзит“, или воопшто нема да има.


Слично

Поврзани вести