Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лондон пред нов предизвик – градот со најава за градба на нови стабени зони!

Лондон пред нов предизвик – градот со најава за градба на нови стабени зони!
Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон сака да бидат создадени до 10 станбени зони во британската престолнина. Според него зоните ќе дадат поттик на градежништвото преку релаксирани мерки за планирање и даночни олеснувања, пренесува Financial Times. Предлогот доаѓа како дел од стратегијата за домување на Џонсон. Зоните се по примерот на зоните за претприемништво, воведени за прв пат од Маргарет Тачер како мерка за ревитализација на западните урбани средини. Џонсон изјави дека понудата на куќите се претворила во "најголемиот предизвик за економскиот развој на Лондон". Градот треба да се подготви за "невиден раст на населението", истакна градоначалникот, истакнувајќи дека бројот на неговите жители се очекува да порасне до 10 милиони луѓе до 2031 година во однос на 8,3 милиони луѓе во моментов. " Овој град не успева да одговори на побарувачката за целите на населението. За последните 30 години најверојатно сме изградиле околу половина од куќите, од кои Лондон има потреба, а проблемот веќе се претвори во криза", изјави Џонсон. Според него главниот град треба да има по 42 000 нови станови годишно во следните две децении. Овие вкупно 840 000 станови ќе додадат 25% кон сегашните 3,27 милиони домаќинства во Лондон. Градоначалникот објави и дека државата ќе отпушта по 1 милијарда фунти годишно меѓу 2015 и 2018 година за прорграмата, која ќе ја поддржи изградбата на 45 000 евтини станови. Сепак, критичарите тврдат дека нивото на инвестициите е помал од 1,2  милијарди фунти годишно за периодот 2008-2011 година. Стратегијата предвидува и годишна цел од 5 000 станови, изградени специјално за приватниот пазар на имот, каде што цените во последниве години пораснаа сериозно. Друг предлог е да биде создадена станбена банка во Лондон, која ќе треба да им додели пари на градителите. Првично во неа ќе има 160 милиони фунти, кои ќе бидат употребени за ревитализација на замрзнати проекти. Шемите кои ќе имаат право на финансирање од банката, ќе треба земат под наем 1/3 од изградените станови за период од најмалку 10 години. К. К.  
Слично

Поврзани вести