Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лондон потврди: Снимката од егзекуцијата на британскиот хуманитарец е автентична

Лондон потврди: Снимката од егзекуцијата на британскиот хуманитарец е автентична
Министерството за надворешни работи на Велика Британија потврди дека снимката од бруталното убиство на британскиот хуманитарец Дејвид Хејнс од страна на џихадистите на Исламската држава е - автентична. „Се укажува на тоа дека видео-снимката е автентична, немаме причина да веруваме во спротивното“, рекол претставник на британскиот Форин офис. Најновата егзекуција е трета која ја извршија екстремистите од т.н. Исламска држава, откако минатиот месец погубија двајца американски новинари -  Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф. Семејството на погубениот британски хуманитарец Хејнс е скршено од болка откако им пропаднаа и последните надежи дека повторно ќе го видат жив. „Мојот татко е херој. Сега си ми толку потребен, а те нема“, изјавила ќерката на Хејнс од првиот брак, која живее во Шкотска. Таа истакнала дека најмногу од се на светот сака нејзиниот татко да се врати дома. Порака исполнета со болка упати и неговиот брат, Мајк Хејнс. „Дејвид беше најжив и покажуваше најмногу ентузијазам токму во улогата на хуманитарец. Неговата радост и посветеност кон работата го одведоа во Сирија и за мене и за семејството тоа е најважно во оваа тажна приказна. Семејството го сака и ужасно ќе ни недостига“, вели Мајк. Егзекутираниот хуманитарец Дејвид Хејнс долги години работел како хуманитарец и на Балканот, а во Хрватска ја запознал неговата втора сопруга со која има 4-годишно дете. Тој беше во заробеништво на исламските радикали цели 18 месеци, а британските тајни служби безуспешно се обидуваа да ја дознаат неговата точна локација за да спроведат акција за спасување.  
Слично

Поврзани вести