Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лондон на нозе, дали се очекуваат напади?

Лондон на нозе, дали се очекуваат напади?

Шестотини вооружени полицајци ќе гo зајакнат обезбедувањето на јавните места во Лондон.

„Тоа не е одговор на конкретна закана пo настаните во Европа од последните недели“- изјави еврокомесарот Бернард Хоган-Хоу.

Пред неколку дена во интервју за весникот „Мејл он сандеј", тој истакна дека Велика Британија не може целосно да се заштити од тероризмот и напади како оние во Германија и Франција се само прашање на време.

Градоначалникот на Лондон, Сидик Кан истакна дека е важно лондончани да се уверени во активностите на полицијата и да знаат дека силите на редот прават напори да ги заштитат.

„Нивото на тревога не е променето, но ја научивме лекцијата од Европа, од Ница, од Париз, од Минхен"- вели Хан.

Повеќето британски полицајци не носат огнено оружје, но случаите во Франција и Германија воведоа промена во оваа практика. Лондон беше на ударод терористи во јули 2005 година. Тогаш четири лица се разнесоа во автобус и во метрото, убивајќи 52 лица.

Слично

Поврзани вести