ЛОНДОН МЕТА НА ИСИС: Последниот напад дело на Џихадистите-признаа одговорност
Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Лондон, објави Амак, новинската агенција која поддржува џихадисти.
„Одредот на борци на Исламска држава го изведе нападот (во саботата вечерта) во Лондон“, објавено е на сајтот на таа агенција, пренесе Ројтерс.
Најмалку седум луѓе загинаа, а 48 се повредени во нападот, кој го извршија три лица, убиени потоа во пресметка со полицијата. Нападот се случи ноќта помеѓу саботата и неделата во центарот на Лондон. Полицијата претходно наведе дека убила тројца напаѓачи.
Првиот напад се случи кога камионет се качил од коловозот на тротоарот на Лондонскиот мост и почнал да гази минувачи.
Непосредно после тоа, како што соопшти полицијата, неколку луѓе нападнале со големи ножеви минувачи во проментниот дел од градот.
London attack: Isis claims responsibility, as first victim is named – live updates https://t.co/XRNjFtkKb0
— The Guardian (@guardian) June 5, 2017
