Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лондон ќе продава британски визи на аукција?

Лондон ќе продава британски визи на аукција?
Советниците за имиграциска политика во Велика Британија предложија контроверзен закон со кој на „супербогатите“ луѓе ќе им бидат достапни ексклузивни „премиум“ британски визи. Според предлогот кој наиде на многу критики, овие визи би се продавале на аукција, со почетна цена од 2,5 милиони фунти. Велика Британија и сега има сличен систем според кој сите странски инвеститори кои во земјата ќе вложат од 2-10 милиони фунти добиваат ексклузивни „брзи“ визи. Но, ова е првпат на аукција да се продаваат иселенички визи со точно определена цена.
„Луѓето велат дека е ужасно што ги продаваме визите. Но, јас мислам дека е подобро да се продаваат отколку како до сега, само да ги делиме бесплатно“, вели Дејвид Меткалф, претседател на Канцеларијата која го предлага овој закон.
Критичарите, пак, сметаат дека на овој начин се создава перцепција дека на Велика Британија воопшто не ù е важно кому дава визи, сè додека тој е подготвен добро да плати.
Слично

Поврзани вести