ЛОНДОН ИМА ПЛАН: На Косово „никнуваат“ двe нови бази
Како што пишува српска Политика, Британија заедно со Косово, на северот градат уште два бази, така што до април ќе има шест полициски бази, а според планот предвидено е да има и воена база, на самата административна линија.
Да се пробие меѓународната изолација на Приштина е план на Германија и Британија, пишува српскиот медиум. Додека Берлин се обидува да го внесе Косово во Советот на Европа, Лондон сака да ги „оживее“ косовските безбедносни сили. Британија планира седум припадници на косовските безбедносни сили да ги прати во мисија на Фокландските острови и тоа за период од три години, но истиот може да биде продолжен. Аргентина е против затоа што тоа е против одредбите на ОН. Се наведува дека Британија го крши меѓународното право и дека го снабдува Косово со оружје. Се вели дека Вашингтон не го поддржува косовскиот премиер Албин Курти со екстремни ставови, но затоа пак Западот ја поддржува Приштина.
фото Јутуб
