Лондон и Камерон очекуваат нови напади на „Исламска држава“
Групата „Исламска држава“ (ИД) претставува закана за целиот Запад и планира терористички напади во Велика Британија, изјавил вчера британскиот премиер Дејвид Камерон, пренесоа светските медиуми.
„Борците на ИД, постапувајќи во Сирија и Ирак, планираат да остварат голем број ужасни терористички напади во Велика Британија“, изјавил Камерон. Треба да бидеме нетолерантни кон нетолеранцијата и да го отфрлиме секој кој ја одобрува исламистичката радикална реторика, напишал британскиот премиер во написот за „Дејли телеграф“.
„Секој се прашува истото: како еден ден поминат со семејството и пријателите на плажа, стана таков ужас. Насмеан стрелец со автомат „Калашников“, скриен на плажа во чадор, покажува со какво големо зло си имаме работа. Злото, што го видовме во планината Синджар во Ирак, во трговските центри во Кенија, во редакциите на списанијата во Париз и во училиштата во Пакистан“, потсетува Камерон.
Најмалку 30 Британци се меѓу жртвите на терористичкиот чин во Тунис, соопштија британските медиуми.
Досега официјално се идентификувани 15 лица. Туниските власти извршиле апсења на „голема група луѓе“ во врска со терористичкиот напад, изјавил министерот за внатрешни работи на Тунис Мухамед Нажем Гарсија во рамките на прес-конференција со колегите од Франција, Германија и Велика Британија.
Од 1 јули Владата ќе распореди 1.000 вооружени службеници кои заедно со туристичката полиција ќе патролираат не само во хотелите, но и плажите, археолошки и други културни објекти. Специјалните единици ќе патролираат на коњи и велосипеди за да спречат нови напади.
Биографиите на терористичката група „Исламска држава“ користат шифрирани апликации за размена на пораките помеѓу себе, до кои не може да добијат пристап ЦИА и Агенцијата за национална безбедност на САД. Тоа го изјавил за „Вашингтон тајмс“ шефот на Институтот за истражување на средствата за јавно информирање на Блискиот Исток, Стив Сталински.
Според зборовите на експертот со помош на овие апликации терористите планираат напади и врбуваат нови членови на групата. Во суштина тие користат две апликации - „Surespot“ и „Kik“, кои се уште се недостапни за тајни служби. „Додека компаниите создаваат уште подобро шифрирани технологии без задни врати за пристап и набљудување од властите, џихадистите се побрзо ги апсорбираат и користат“, тврди Сталински.
