Лондон го започнува процесот на Брегзит на 29 март
Британската влада ќе го активира на 29 март членот 50 од Лисабонскиот договор за активирање на процесот за излез од ЕУ, соопшти портпаролот на британската влада.
Од своја страна, Европската комисија соопшти дека била предупредена за одлуката на Велика Британија да го активира на 29 март членот 50 од договорот за ЕУ.
„Бевме предупредени, подготвени сме за почетокот на преговорите, го очекуваме писмото. Првиот чекор по добивањето на писмото од Лондон ќе биде утврдувањето на насоките за преговори од страна на Советот на ЕУ“ - велат од ЕК.
Оваа препорака ќе треба да биде одобрена од Советот на ЕУ со обезбедувањето на мандат на комисијата да преговара. На 29 март се очекува заедничка декларација на 27-те други земји од ЕУ.
Од тој датум - 29 март, почнуваат да течат двете години, во кои треба да бидат договорени условите за излегување на Британија од ЕУ.
Портпаролот на британската влада рече дека кабинетот на Тереза Меј нема планови за одржување предвремени парламентарни избори.
