Локализирани пожарите на грчките острови Тасос,Кефалонија и Андрос
Пожарот на островот Тасос е ставен под контрола, но во пожарите на грчките острови деновиве изгореа повеќе илјади хектари шума. Деновиве огнот пламтеше, покрај на Тасос и на островите Кефалонија и Андрос.
Како што пренесе ДПА, со авиони се гаселе пожарите кои поради топлото време и ветрот загатија големи пространства. Под контрола во меѓувреме е ставен и огнот кој пламтеше на Кефалонија, а утрово и тој на островот Андрос.
Сепак, посочуваат официјалните претставници од противпожарната служба во Атина, опасноста огнот повторно да се прошири е голема.
Според градоначалникот на островот Тасос, во пожарот на островот досега изгореле најмалку 5.000 хектари шумска вегетација. Чадот од огнот стигнал до неколку села во јужниот дел.
