Lockheed Martin приморан да испрати три илјади луѓе на неплатено отсуство
По делумното парализирање на американските владини служби, американската компанија за производство на воена опрема „Lockheed Martin" , објави дека од понеделник ќе испрати три илјади вработени на неплатено отсуство.
Компанијата, исто така, предупреди дека оваа бројка може да биде поголема, доколку не се надмине ситуацијата настаната со несогласувањата меѓу републиканците и демократите за сојузниот буџет.
Од „Lockheed Martin", кој меѓу другото ги произведува и авионите ловци „F-35", во соопштението појаснува дека тие вработени не можат да работат бидејќи е затворената владиниот погон во кој работеле, како и поради тоа што владините агенти не можат да ја вршат задолжителната инспекција на нивното производство.
Слично
