ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОЦИРАНИ ОСТАТОЦИТЕ ОД РУСКИОТ ПАТНИЧКИ АВИОН - се претпоставува дека сите патници се загинати, пребарувањето отежнато

ЛОЦИРАНИ ОСТАТОЦИТЕ ОД РУСКИОТ ПАТНИЧКИ АВИОН - се претпоставува дека сите патници се загинати, пребарувањето отежнато

Спасувачките екипи кои го бараа патничкиот авион кој исчезна од радарите на рускиот Далечен Исток, ги лоцирале неговите запалени остатоци. 

Авионот, Антонов Ан-24, се движел од Благовешченск до Тинда во Амурската област на границата со Кина кога исчезнал од радарот недалеку од неговата дестинација, соопшти агенцијата за цивилна одбрана за руските новински агенции.  

Руската служба за спасување, пребарувајќи од воздух, ги забележала остатоците од авионот, поточно запалениот труп на авионот.  

Министерството за вонредни ситуации објави дека хеликоптерска единица го открила трупот на авионот во пламен.       

„Спасувачите продолжуваат со пребарувањето и пристапот кон теренот“, се вели во соопштението.  

Локалната служба за итни случаи истакнува дека авионот е пронајден на планинска падина, на 15 километри од Тинда.   

Авионот се урнал, а според гувернерот Василиј Орлов, во него имало 49 лица, меѓу  кои наводно и деца.  

Авионот се приближувал кон Тинда кога сигналот исчезнал, соопштија властите. Но, екипажот претходно не пријавил никакви проблеми со авионот.  

Спасувачите ги пронајдоа запалените остатоци на околу 15 километри од аеродромот. Напорите за спасување се попречени од преовладувачкиот мочуришен и тајга пејзаж, областа е многу ретко населена. 

Не е познато дали има преживеани. Антонов Ан-24 е еден од најстарите патнички авиони што сè уште се во употреба во светот. Неговото сериско производство започна во почетокот на 1960-тите. Според медиумските извештаи, самиот авион бил стар речиси 50 години. Сепак, неговата лиценца сè уште била важечка до 2036 година.  

Рускиот воздухопловен сектор се соочува со сè поголеми проблеми,  делумно затоа што западните индустријализирани земји воведоа санкции врз индустријата по почетокот на агресорската војна против Украина, наредена од лидерот на Кремљ,  Владимир Путин.  Снабдувањето со авиони и резервни делови за  Русија  е забрането. 

Ова води до тоа многу авиокомпании во земјата да користат сè постари авиони и да користат деактивирани авиони за резервни делови.  

По несреќата, јавното обвинителство покрена кривична постапка против авиокомпанијата Ангара за кршење на безбедносните прописи. Сепак, наводно, самиот авион бил проверен непосредно пред полетувањето и не биле пронајдени безбедносни недостатоци.

Според првичните извештаи, авионот немал пријавени технички проблеми пред да се изгуби контактот, објавува Ројтерс.  

„Времето во областа каде што исчезна авионот беше лошо, па затоа слетувањето беше одложено. Обвинителството започна истрага, а Истражниот комитет отвори кривична постапка за кршење на безбедносните прописи“, се вели во соопштението на руското Министерство за вонредни ситуации.  

Амурскиот регион се граничи со Кина, на далечниот исток од Русија.

Фото: Принтскрин/Икс

ad
Слично

Поврзани вести