Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лоциран срушениот авион „Ер Алжир“

Лоциран срушениот авион „Ер Алжир“

Два француски борбени авиони денеска лоцираа рушевини на алжирскиот авион кој се срушил над северниот дел на Мали со 110 патници и шест членови на екипажот. Ова за Фокус Њус го изјави неименуван извор од француското Министерство за одбрана.

Француските сили стационирани во Мали регистрирале остатоци на алжирскиот авион „AH5017“ на патот помеѓу градовите Гао и Кидал во пустинската и тешко пристапната област, објавено е на сајтот на аеродромот во Буркини Фасо. И „Раша Тудеј“ пренесува дека претставник од аеродромот за Ен-Би-Си ја потврдил веста за пронајдените рушевини.

Меѓу патниците имало 51 Французи, 27 државјани на Буркини Фасо, најмалку 20 Либанци, седум Алжирци, како и државјани на Канада, Украина и Луксембург, а сите шест членови на екипажот биле Шпанци, пренсеува АФП, повикувајќи се на извори од алжирско радио и шпанско здружени на пилоти.

Копманијата „Ер Алжир“ на Твотер наведува дека авионот изгледа се срушил во регионот Тилемски, 70 километри од Гао. Градот Гао се наоѓа на левиот брег на реката Нигер.

Ројтерс јавува дека алжирски извор потврдил дека авионот на летот AH5017 паднал, но одбил да дава било какви детали за причината, локацијата на падот и судбината на патниците.

Според алжирските медиуми сите патници и членови на екипажот загинале.

 
Слично

Поврзани вести