Љубовта кон руските дијаманти не познава санкции
И покрај постојаните повици од Украина и одредени земји од ЕУ, увозот на груби руски дијаманти не е санкциониран од ЕУ.
Според најновите податоци на белгиското Министерство за економија, Денот на вљубените предизвика нагло зголемување на побарувачката за груби дијаманти од Русија, пишува Политико.
Но, увозот драстично падна во третиот квартал од минатата година, што ѝ помогна на Белгија да ги притисне санкциите на ЕУ за руските дијаманти, кои се од витално значење за белгискиот град Антверпен, глобален центар за дијаманти.
Белгиската влада тврди дека таквите санкции само ќе го пренасочат извозот на руски дијаманти во други земји, без всушност да и нанесат економски удар на Москва.
Сепак, увозот во Белгија повторно се зголеми во декември и јануари пред Денот на вљубените на 14 февруари.
Во јануари 2023 година, Белгија увезла руски необработени дијаманти во вредност од 132 милиони евра, што е за 97 милиони евра повеќе отколку во јануари 2022 година.
Според извештаите, се чини дека ова е привремен скок поврзан со зголемената побарувачка околу Денот на вљубените, бидејќи по овој празник вредноста на увозот повторно падна на 61 милион евра.
За белгиската пратеничка Вики Рејнарт, чија социјалистичка партија Воруит е дел од федералната влада, овие бројки покажуваат дека доброволните мерки не се доволни.
– Забраната за увоз на руски дијаманти е единствената правилна опција – рече таа и ја повика Европската комисија оваа забрана да ја вклучи во следниот пакет санкции против Русија.
