Љубов која може да го загрози здравјето на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун!
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун сериозно го ризикува своето здравје заради опасно големи количества од сирењето Ементал кои ги јаде секојдневно. Уште додека се школувал во Шпвајцарија 31-годишниот лидер на Северна Кореја многу го засакал овој тип на сирење, а и покрај западните санкции, својот омилен производ го увезува во огромни количества.
Нездравиот апетит за Ементалeр, се верува дека е виновен за прекумерната тежина на Ким Јонг Ун. Познавачите пак сметаат дека тој намерно се дебелее за да личи повеќе на својот дедо Ким Ил Сунг.
Додека Ким Јонг Ун ужива во швајцарското сирење, во Северна Кореја владее глад, најмногу предизвикан од санкциите со кои се соочува оваа земја. Севернокорејскиот лидер пак годинава се обидел да испрати тим од гастрономи во Франција за да се обучат за производство на млечни производи. Но, училиштето во кое сакаше да ги испрати го одби неговото барање.
Слично
