ЛИТВАНИЈА СИ ИГРА СО СУДБИНАТА - Донесе одлука која нема да му се допадне на Путин!
Литванија ги прошири трговските ограничувања на својата територија кон руската балтичка енклава Калининград, бидејќи стапија на сила санкциите што претходно ЕУ ги воведе кон Москва.
Дополнителните стоки што се забранети од утринава вклучуваат бетон, дрво, алкохол и индустриски хемикалии на база на алкохол, изјави портпаролот на литванската царина.
Русија во петокот ги предупреди Литванија и ЕУ дека би можела да усвои остри мерки против нив доколку транзитот на стоки со Калининград не продолжи во наредните денови, пишува „Мондо.рс“.
Трговските ограничувања се зајакнати бидејќи владите, пазарите и компаниите се загрижени дека Русија би можела да го продолжи затворањето на својот најголем гасовод што води до Германија по планираниот 10-дневен ремонт.
Калининград граничи со Литванија и Полска, кои се членки на НАТО алијансата и ЕУ, и се потпира на железници и патишта што минуваат низ Литванија.
Оваа крајбрежна територија е делумно отсечена од Русија за карго сообраќај од 17 јуни, во согласност со санкциите на ЕУ кои беа воведени поради воената акција на Русија во Украина.
