Литванија од 2015 година преминува на евро
Литванија од 2015 година влегува во еврозоната, односно официјално ќе почне да го користи еврото како валута. Како што пренесуваат светските медиуми, Литванија го одобрила акциониот план за премин на земјата на европската валута.
Премиерот Алгирдас Буткјавичиус неколку пати предупреди дека ако земјата не сака да остане во „европска позадина“, би требало во 2015 година да прејде на еврото.
Државниците во текот на разговорите ќе ги разгледаат сите позитивни и негативни ситуации кои можат да и се случат на Литванија. Владините претставници сметаат дека за понатамошниот успешен развој на Литванија овој чекор е неопходен.
Летонија планира да ја воведе европската валута во 2014 година. Естонија тоа го направи во 2011 година.
Слично
