Литванија и Романија по стапките на Македонија
Европскиот суд за човекови права ги осуди Литванија и Романија за толерирање тајни затвори на ЦИА на своја територијa, односно за „измачување“ на двајца затвореници од Гвантанамо. Македонија имаше таков случај со Калед Ел Масри во 2012, на кого требаше потоа да му исплати 60.000 евра обештетување, а две години подоцна ЦИА го призна случајот.
Надлежните власти во двете земји знаеле за постоењето на затворите и соработувале со американската тајна служба, свесни дека на тој начин ги кршат човековите права, аргументура Европскиот суд за човекови права. Судот расправаше по тужба на еден палестински апатрид и еден човек од Саудиска Арабија, кои во периодот од 2004. до 2006. година илегално биле задржани во „црните места“ на ЦИА во Литванија и Романија и таму биле подложувани на мачења.
Палестинецот бил осомничен од страна на САД за учество во планирањето на нападите врз Светскиот трговски центар во Њујорк на 11. септември 2001. година, а Саудиецот за извршување напади врз бродови.
Романија на едниот од тужителите треба му плати отштета од 100.000 евра, а Литванија на другиот 130.000 евра. И двете страни имаат право на жалба.
