Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИСТА НА НАЈСОНЧЕВИ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА: Eдна земја убедливо доминира

ЛИСТА НА НАЈСОНЧЕВИ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА: Eдна земја убедливо доминира

Онлајн платформата за изнајмување сместување „Holidu“, која ги анализирала податоците од платформата „World Weather Online“ објави листа на најсончеви градови. 

Картахена се најде на врвот на листата на најсончеви градови во Европа, но и седум други шпански градови ги зазедоа првите 10 места на листата – Аликанте на второто место, Малага на третото, Мурсија на четвртото, Гранада на петтото, Севиља на седмото, Кордоба на осмото и Мадрид на десеттото.

Единствените два града во првите десет најсончеви градови кои не припаѓаат на Шпанија се италијанската Катанија на шестото место и францускиот Марсеј на деветтото место.

Еве ја целата листа: 

1. Картахена, Шпанија, 283 сончеви часови месечно

2. Аликанте, Шпанија, 279,6 сончеви часови месечно

3. Малага, Шпанија, 279,3 сончеви часови месечно

4. Мурсија, Шпанија, 277 сончеви часови месечно

5. Гранада, Шпанија, 274 сончеви часови месечно

6. Катанија, Италија, 273,7 сончеви часови месечно

7. Севиља, Шпанија, 273,4 сончеви часови месечно

8. Кордоба, Шпанија, 268 сончеви часови месечно

9. Марсеј, Франција, 266 сончеви часови месечно

10. Мадрид, Шпанија, 265 сончеви часови месечно

foto Wikipedia/Juan Sáez

Слично

Поврзани вести