Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лисенко: Се поголем бројот на руски борци во редовите на бунтовниците

Лисенко: Се поголем бројот на руски борци во редовите на бунтовниците
Русија го зголемува военото присуство во источна Украина, а нападите на проруските сили се се поинтензивни, изјавил портпаролот на украинската војска Андреј Лисенко. „Голем број руски војници без препознатливи обележја се забележани во регионот на Луганск“, итакнал Лисенко пред новинарите, пренесува „Ројтерс“. „Таму континуирано траат гранатирањата врз позициите и желбата на проруските бунтовници е да ја прошират територијата која е под нивна контрола“, додава украинскиот воен портпарол. Според неговите унформации во последните 24 часа еден украински војник е убиен, а 40 се ранети. Премиерот на Украина, Арсениј Јацењук устакна денес дека се подготвува закон со кој се предвидува зголемување на бројот на украинските војници за 68 илјади, и со тоа нивниот број ќе се искачи на 250 илјади. Претседателот на украина, Петро Порошенко, ја прекина својата посета на Давос и се упати кон Украина поради влошената ситуација на истокот во земјата.
Слично

Поврзани вести