Лисенко: Руски војници ја преминаа украинската граница
Украинската војска тврди дека околу 700 руски војници денес ја преминале границата со цел да им помогнат на проруските активисти на фронтовите во Источна Украина.
„Рано утринава група вооружени војници од Руската Федерација ја преминаа границата со цел да им помогнат на проруските бунтовници“, соопштил за „АФП“ портпаролот на украинската армија Андриј Лисенко.
Претседателот на самопрогласената Народна Република Донецк, Александар Захарченко, го обвини денес Киев за кршење на примирјето и за напади врз Донецк, повикувајќи ги ОБСЕ да ги примораат украинските власти да го исполнат договореното од Минска.
Захарченко рекол дека изминатите 48 часа на аеродромот во Донецк биле извршени повеќе од шест пешадиски напади и напади со оклопна техника.
Претседателот на штабот на НРД, Едуард Басурин, соопштил дека во изминатите 24 часа при гранатирање на Донецк загинале најмалку девет цивили, а 44 се ранети, меѓу кои и четири деца.
Слично
