Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лионел Меси пристигнува во Париз со својата сопруга и децата

Лионел Меси пристигнува во Париз со својата сопруга и децата

Фудбалерот Лионел Меси пристигна во Париз со сопругата и децата каде ќе го потпише двогодишниот договор од 1 милион фунти неделно, откако ја напушти Барселона, објави dailymail.

34-годишникот беше сликан на аеродромот во Барселона заедно со неговата сопруга Антонела и нивните три деца, Тиаго, осум, Матео, пет и Чиро, три години. Претходно Антонела (33) објави селфи заедно со нејзиниот сопруг додека седеа на нивниот приватен авион и чекаа да летаат за Франција.

Но, аргентинската ѕвезда во попладневните часови беше сликана како мавта кон поддржувачите кои се собраа да го видат доаѓањето на Меси на аеродромот Париз -Ле Бурже.

Годишната плата на Меси ќе изнесува 63 милиони евра (53 милиони фунти), со што неговата заработка ќе биде нешто повеќе од 1 милион фунти неделно.

Слично

Поврзани вести