LinkedIn ќе лансира нови вредности на берзата за 1 милијарда долари
Во обид да ја искористи високата цена на своите акции, социјална мрежа LinkedIn, планира да лансира нови вредности на берзата за 1 милијарда долари. Со средствата собрани, ќе ги прошири производите и технологијата која ги нуди.
Аналитичарите сметаат дека социјалната мрежа најверојатно се обидува да искористи инвеститор заинтересиран за нејзините акции во моментов. Во моментов, компанијата располага со околу 263 милиони долари кеш и парични еквиваленти.
LinkedIn направи берзанско деби во мај 2011 година при цена на акциите од 45 долари. Од тогаш до сега нивната вредност се зголемила неколку пати. Со новиот потег, се очекува да се продаваат по цена од 240 долари секоја, при што ќе донесат 1 милијарда долари.
Нејзините финансиски резултати во оваа година се подобруваат. Во вториот квартал LinkedIn ги зголеми приходите за 59% на годишна основа до 363.7 милиони долари, што се должи на добрите позиции.
Нето добивката се зголеми до 3.73 милиони долари спрема 2.81 милиони во истиот период претходната година.
Слично
